сабота, 27 јули 2024

Шолц е подготвен да разговара со Путин „кога за тоа ќе дојде време“

Објавено на

часот

Сподели

„Помина извесно време од мојот последен телефонски разговор. Но, кога ќе дојде време, имам намера повторно да разговарам со Путин“, рече Шолц во интервјуто објавено од дневниот весник Келне штад-анцајга.

Во врска со решавањето на конфликтот, „Русија мора да разбере дека не може да стане збор за замрзнување на некаков вид на студен мир, според кој сегашната линија на фронтот би станала новата граница меѓу Русија и Украина. Тоа само ќе му даде легитимитет на злосторничкиот потфат на Путин“, нагласи Олаф Шолц, кој последен пат разговараше со Путин во декември.

„Напротив, треба да постигнеме праведен мир, а услов за тоа е повлекување на руските трупи од Украина, откако започна инвазијата во февруари 2022 година“, додаде тој.

Но, тој изрично одби да каже дали тоа повлекување треба да го вклучи и Крим, кој е под руска управа од 2014 година. Германскиот канцелар рече дека на Украина е да дефинира што точно сака.

Олаф Шолц и Владимир Путин последен пат разговарале во декември 2022 година еден час по телефон.

Шефот на германската влада тогаш по којзнае кој пат го повика, но без успех, шефот на руската држава да ги повлече своите војници од Украина, додека Владимир Путин го обвини Западот дека води „деструктивна“ политика.

Оттогаш билатералните односи се на најниско ниво. Војната во Украина ја принуди Германија да направи дипломатски и економски пресврт, откако со децении беше блиска со Русија во овие две области.

Пред инвазијата на Украина, Москва беше главниот снабдувач на Германија со гас и еден од нејзините главни снабдувачи со нафта.

По руската инвазија на Украина, Германија исто така одлучи да инвестира многу во својата војска. Со што заврши долгата традиција на пацифизам во земјата, последица на ужасите на нацизмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ