вторник, 22 октомври 2024

Шолц: Украина не се консултираше со Германија за упадот во Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина не го консултирала Берлин за упадот во Курската област во Русија на 6 август и дека очекува воената операција да биде временски и територијално ограничена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина тајно и без повратни информации ја подготви својата воена операција во Курскиот регион. Ова е многу ограничена операција во однос на простор, а веројатно и во однос на време“, рече Шолц на прес-конференција по разговорите со молдавската претседателка Маја Санда во Кишињев, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Берлин внимателно го следи понатамошниот развој на настаните околу украинскиот упад на руска територија.

Украинските лидери го поздравија нападот како доказ дека нивната војска сè уште може да успее во офанзивните операции и дека сè уште може да изненади. Тој исто така рече дека Германија ќе продолжи да биде „најголемата поддршка“ на Украина во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ