сабота, 27 јули 2024

Шолц се изјасни против предавањето на Асанж на САД: Го очекува протерување

Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни против предавањето на Џулијан Асанж на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека би било добро британските судови да му ја дадат неопходната заштита зашто го очекува протерување во САД поради тоа што предал американски државни тајни“, рече политичар од СДП одговарајќи на прашањето на учениците во стручниот училиштен центар во Зинделфинген во Баден-Виртемберг.

Германскиот канцелар претпоставува дека шансите за тоа сега се поголеми.

„Затоа што претставниците на САД на последното рочиште не можеа да ги убедат британските судии дека можната казна ќе биде во рамките кои би биле оправдани од перспектива на Велика Британија“, рече Олаф Шолц.

Владата на САД сака да му се суди на основачот на Викиликс поради обвинување за шпионажа. Му се заканува казна до 175 години затвор. Вашингтон го обвинува дека – со бунтовничката Челзи Менинг, која ја помилува поранешниот претседател Барак Обама – го украл и го објавил тајниот материјал од воените операции на САД во Ирак и во Авганистан и со тоа ги загрозил животите на американските информатори.

Од друга страна, Џулијан Асанж и неговите адвокати, како и голем дел од светската јавност – сметаат дека тој се соочува со кривично гонење поради своите новинарски активности и во Велика Британија правнички се брани од прогонување во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ