недела, 12 јануари 2025

Шолц: Реториката на Трамп против Гренланд, Канада и Панама предизвикува загриженост

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, насочена против Гренланд, Канада и Панама, е причина за загриженост.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шолц на конгресот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Берлин рече дека претстојат „неизвесни времиња“ во односите со Вашингтон, оценувајќи дека „одредени сили во Америка“ работат „на уништување на демократските институции на Запад, “, пренесува Блумберг.

Канцеларот нагласи дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја и дека тоа е суштината на западните вредности.

На партискиот конгрес на Социјалдемократската партија во саботата Шолц официјално беше именуван за кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори и беше усвоена изборната програма на партијата.

Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека критиките нема да го вознемируваат Трамп и дека Германија треба да се фокусира на враќање на сопствената економска и воена сила.

Според анкетите, централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ (Христијанската социјална унија на Баварија) има околу 31 отсто поддршка од гласачите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) има околу 20 отсто, СПД 17 отсто, а Зелените 12 отсто.

Сојузникот на Трамп, американскиот милијардер Илон Маск неодамна ја поддржа АфД пред изборите во Германија закажани за 23 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ