сабота, 27 јули 2024

Шолц: Нема да поддржам одлука што ќе ги вовлече германските војници во војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нема да прифати никаква одлука што би ги вклучила германските војници во војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да поддржам ниту една одлука што резултира со какво било вклучување на германски војници во воена операција поврзана со ужасната војна на Русија против Украина“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.

Политико претходно денеска објави дека британските власти приватно ја критикувале Германија поради одбивањето да испрати ракети таурус во Украина.

Германскиот Бундестаг во февруари го одби барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „таурус“ во Украина, но го одобри предлогот на владејачките партии за испраќање оружје со долг дострел.

Предлогот на опозицијата беше отфрлен од мнозинството на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција, додека за предлогот за оружје со долг дострел гласаа 383 пратеници, а против беа 284.

Опозициската Унија ЦДУ/ЦСУ претходно побара „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракети таурус во Украина, пишува Велт.

Претседателот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, истакна дека Украина сè уште не го добива „целото количество ресурси што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ