сабота, 27 јули 2024

Шолц најави заострени мерки по убиство на полицаец: „Треба да се плашат“ екстремистите и од левицата и од десницата

Германскиот канцелар Олаф Шолц по смртта на полицаецот кој во неделата беше избоден со нож од страна на емигрант построги мерки против екстремистите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицаецот, кажа Шолц, го даде животот за мирот и безбедноста. Тој бил на должност бидејќи ги бранел демократијата и правото на секого да го каже своето мислење, без оглед дали тоа на некој друг му се допаѓа, кажа тој денес при посетата на поплавените области во Баварија.

„Сега, кога екстремистите ги чепкаат слободата на движењето и изразувањето на мислење, мора да знаат дека нè имаат нас за свои најжестоки противници“, додаде канцеларот.

Наведе дека за одбрана на правната држава и безбедноста ќе се користи сè што е на располагање. „Полицијата, правосудството и нашите разузнавачки служби ја имаат таа задача, тие тоа го работат. А тука сме и ние како граѓани“.

Шолц истакна дека „треба да се плашат“ екстремистите од левицата и десницата.

По нападот со нож во Манхајм, 29-годишниот полицаец им подлегна на повредите. Напаѓачот, мигрант од Авганистан, го забодел повеќе пати во главата. Мотивот за злосторството сè уште не е утврден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ