среда, 22 јануари 2025

Шолц ја обвини опозицијата за лажење околу финансиската помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц неочекувано ги обвини своите противници за лажење за финансирањето на помошта за Украина. Според него, народот намерно се доведува во заблуда, избегнувајќи ја расправата за клучното прашање – како да се покријат тие трошоци, пренесува Билд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно германскиот канцелар Шолц предложи укинување на таканаречените „кочници на долгот“ и земање кредит за да се обезбеди помош за Украина во износ од три милијарди евра. Меѓутоа ЦДУ, ФДП па дури и Зелените – неговите коалициски партнери – решиле да ги финансираат дополнителните испораки на оружје за Украина преку непланирани буџетски трошоци.

Сега Шолц во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг ги обвини своите политички противници за лажење: „Имам впечаток, ќе го кажам тоа тука отворено: во моментов германскиот народ се измамува со најголем интензитет и темелност“.

На прашањето кој го измамува народот, Шолц додаде: „Сите оние кои се обидуваат да го избегнат главното прашање: „Како тоа ќе го платиме?““

Според Билд, покрај веројатните кандидат за нов канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ), Роберт Хабек (Зелени) и Кристијан Линднер (ФДП), обвинувањата на Шолц лично ги сфатила и министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелени), која изрази огорчување.

Таа истакна дека Шолц не би требало да го користи спорот околу финансирањето на помошта за Украина за сопствените изборни интереси. „Сака да кажам со сета сериозност дека времињата се премногу тешки, а одговорноста на Германија е преголема за сега, во следните недели, да влегуваме во изборна реторика“, кажа Бербок.

Од ЦДУ истакнаа дека се чини дека Шолц целосно ги изгубил нервите, имајќи предвид дека почнал сите да ги обвинува за лажење. Според последната анкета на ИНСА, коалицијата ЦДУ/ЦСУ има поддршка од 29 отсто, додека СПД на Шолц има едвај 16 отсто поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ