сабота, 19 октомври 2024

Шолц: Иран и Хезболах итно да ги прекинат нападите врз Израел

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги повика Иран и Хезболах веднаш да престанат со нападите врз Израел и предупреди дека Иран ризикува да ја разгори ситуацијата во целиот регион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шолц рече дека Германија и нејзините партнери ќе продолжат да работат на постигнување примирје, пренесува Ројтерс.

„Иран ризикува да го разгори целиот регион – тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран треба итно да ги запрат нападите врз Израел“, заклучи германскиот канцелар.

Советот за безбедност на Обединетите нации свика итен состанок денеска во 10 часот по локално време поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток, по барање на Франција и Израел.

Иран синоќа истрела 181 балистичка ракета кон Израел, поради што речиси десет милиони луѓе избегаа во засолништата, а неколку луѓе се повредени, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по иранскиот ракетен напад врз Израел, изјави дека Иран направил „голема грешка“ и дека „ќе плати за тоа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ