петок, 26 јули 2024

Шолц е во Израел вторпат од почетокот на војната, се среќава со Нетанјаху

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се сретнува со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од неговата втора посета на Израел од почетокот на војната во Газа пред пет месеци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главна тема на разговор се очекува да бидат подготовките на Израел за копнена офанзива на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Шолц има намера да повика на прекин на огнот за да се овозможи ослободување на заложниците и поголема хуманитарна помош за настраданото население на палестинската територија.

Војната во Газа беше поттикната од нападот на исламистичкото движење Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.160 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници.

Израел одговори со бомбардирање на Газа, при што загинаа повеќе од 30.000 луѓе и беа раселени повеќето од нејзините 2,3 милиони жители во тешка хуманитарна ситуација.

Иако Германија во принцип ја поддржува израелската воена операција против Хамас, таа го критикуваше начинот на кој Тел Авив ја води војната, во која беа убиени илјадници цивили.

„Потребен е договор за прекин на огнот што ќе трае во догледна иднина“, рече Шолц вчера пред неговото поаѓање. Шолц синоќа пристигна во јорданскиот град Акаба на Црвено Море, каде што денеска ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула.

Попладне тој ќе одлета за Израел, каде што, освен со Нетанјаху, има намера да се сретне и со претседателот Исак Херцог и со министерот Бени Ганц, член на воениот кабинет, како и со роднините на заложниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ