недела, 26 мај 2024

Шолц до кинеските студенти: Не мора да пушите канабис за да студирате во Германија

Германскиот канцелар им порача на студентите во Шангај дека не мораат да пушат канабис доколку студираат во Германија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека Германија го легализирала канабисот за да создаде услови да опадне потрошувачката на канабис.

Олаф Шолц разговараше со студенти на Универзитетот Тонџи за време на неговата посета на Кина, кога еден од студентите го прашал дали мора да пуши канабис ако студира во Германија. „Одговорот е многу едноставен – не пушете.“

„Оваа година јас ќе наполнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“, изјави Шолц. Тој истакна дека целта на Германија е „да го извади канабисот од сивата зона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ