сабота, 27 јули 2024

Шолц: Црна Гора наскоро би можела да влезе во ЕУ

Планот Црна Гора да влезе во Европската Унија во следните четири години е реалистичен, особено ако се земе предвид напредокот на реформите во таа земја, оцени германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничка конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Импресиониран сум од амбицијата и брзината со која реформите се воведени и сметам дека тие планови се реални. Ние за тоа ќе ја пружиме сета неопходна поддршка“, кажа германскиот канцелар.

„Црна Гора е важен фактор на стабилноста на Западен Балкан. Важно е да вложуваме многу напор во стабилноста во регионот бидејќи тоа многу влијае на членството“, наведе Шолц.

Германија ма тенденција да ја развива регионалната соработка на Западен Балкан, во што спаѓа и Берлинскиот процес, кој, како што оцени Шолц, е мотор на регионалната соработка.

Спајиќ по состанокот со германскиот канцелар кажа дека Црна Гора ја има поддршката од Германија на европскиот пат и дека е битно да го добие Извештајот за исполнетост на привремените мерки (ИБАР) во јуни.

„Пристапувањето во ЕУ за Црна Гора не е само прашање на вредности – за Подгорица е многу важен единствениот пазар како и привлекување на кредибилни инвеститори од Германија, и затоа треба да се отвори Црна Гора и за бизнисмените и за туристите од Германија.

Политиката на Црна Гора е целосно усогласена со таа на ЕУ. Многу е важно да гледаме кон Брисел. Нашата поддршка на Украина е без конкуренција. Не сме љубоморни на напредокот на Украина кон ЕУ и сакаме и таа да напредува на европскиот пат“, кажа Спајиќ, кој е во петдневна посета на Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ