сабота, 27 јули 2024

Шокантна елиминација на Ѓоковиќ од Индијан Велс, загуби од 123. тенисер во светот

Новак Ѓоковиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата откако загуби од Италијанецот Лука Нарди и не се пласираше во осминафиналето од Индијан Велс.

Објавено на

часот

Сподели

Аутсајдер од Италија кој на главниот турнир влезе како „лаки лузер“ го шокираше Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер беше број 1 носител на во Индијан Велс, но ептен рано го заврши настапот.

Италијанскиот тенисер Лука Нарди кој е 123. место во светот, одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4. Новак возврати во вториот земајќи го со 6-3.

Се чинеше дека Ѓоковиќ се врати и никој не помислуваше дека може да биде елиминиран, но се случи токму тоа. Третиот решавачки сет го доби Нарди со 6-3 и победи со 2-1 во сетови за пласман во осминафинале.

„Му честитам на Нарди, особено беше одличен во третиот сет. Не знаев многу за него, но го гледав како игра и знаев дека поседува голем квалитет на основната линија, поготово на форхенд. Добро се движеше, многу е талентиран. На турнирот влезе како среќен губитник и немаше што да изгуби, па одигра фантастични и заслужено победи. Јас сум изненаден од нивото на мојата игра која беше навистина лоша“, рече Ѓоковиќ по мечот.

„Сѐ можеше да биде поинаку. Мислам, како што реков многу лош учинок од моја страна. Оваа година уште немам трофеј. Тоа е нешто на кое не сум навикнат. Најголемиот дел од својата кариера сезоните ги почнував со овојување на грен-слем или победа во Дубаи, или на било кој турнир“.

„Но, ова е дел од спортот. Мора да го прифатите. На некои турнири победувате, на некои ќе загубите. Се надевам дека ќе освојувам уште и ќе продолжам понатаму“.

Многумина се прашуваат дали Ѓоковиќ ќе игра во Мајами, каде што е пријавен и турнирот треба да почне од 20. март.

„Засега останува да учествувам. Но, ајде да видиме. Пред десет минути бев на терен, главата уште ми е жешка. Мора да земам ден-два, па тогаш ќе видам што ќе направам следно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ