Селекторот Светислав Пешиќ утре на прес конференција ќе го соопшти тимот со кој Србија ќе настапи на мундобаскетот а како што пренесуваат локалните медиуми, ќе се патува без најголемата ѕвезда, Никола Јокиќ.
Центарот на Денвер се решил на еден ваков потег поради напорната и долга сезона во НБА, сака летово да се одмори и да ги наполни батериите. Дури и капитенот Богдан Богдановиќ лично го убедувал да се предомисли, но Никола Јокиќ донел болна одлука.
Поради слични причини на Светското првенство нема да настапи ниту Никола Калиниќ, а наводно откажал и Василије Мициќ.