петок, 26 јули 2024

Шок во Полска: Опозицијата прогласи победа, Брисел се радува

Владејачките полски националисти веројатно не успеаја да одвојат мнозинство на парламентарните избори одржани вчера.

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа опозициските партии би можеле да ја преземат власта во огромна промена на политиката во источната членка на Европската Унија.

Полска под партијата Право и правда (ПиС) повеќе пати се конфронтираше со Брисел околу владеењето на правото, слободата на медиумите, миграциите и ЛГБТ правата откако таа партија дојде на власт во 2015 година.

Опозициските партии ветија дека ќе ги поправат односите со Брисел и ќе ги поништат реформите за кои критичарите велат дека ги поткопуваат демократските стандарди.

Излезната анкета на Ипсос му даде на ПиС 36,8 отсто од гласовите, со што би добила 200 пратеници во парламентот со 460 места. Потенцијалниот партнер на ПиС, крајно десната Конфедерација би добила 12 места.

Опозициските партии, предводени од Граѓанската коалиција (КО) заедно, според анкетата, би добиле 248 пратенички места. Самата КО добила 31,6 отсто од гласовите.

Лидерот на Граѓанската коалиција Доналд Туск, поранешен премиер и поранешен претседател на ЕУ, прогласи почеток на нова ера.

ПиС сепак доби најголем број гласови, но помалку отколку на претходните избори и недоволно за да формира владејачка коалиција.

„Јас сум политичар долги години. Јас сум спортист. Никогаш во животот не сум бил толку среќен што навидум сум на второ место. Полска победи. Демократијата победи. Ги тргнавме од власта“, им кажа Туск на поддржувачите.

„Овој резултат би можел да биде далеку подобар, но уште денес можеме да кажеме дека ова е крај на лошото време, ова е крај на владеењето на Право и правда“, додаде Туск.

Лидерот на ПиС Јарослав Качињски го призна резултатот според кој неговата партија нема да ја води владата.

Тој на поддржувачите во изборниот штаб им кажа дека резултатот на неговата партија, со скоро 37 отсто освоени гласови, е успех, освојувајќи најмногу гласови на три парламентарни избори по ред.

„Мораме да имаме надеж и мораме да знаеме дека, без оглед дали сме на власт или во опозиција, ќе го спроведуваме овој (политички) проект на различни начини и нема да дозволиме Полска да биде предадена“, кажа Качињски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ