недела, 20 октомври 2024

Шојгу: Воените ресурси на Украина се речиси исцрпени

Објавено на

часот

Сподели

Шојгу уверува дека Киев не постигнува никакви резултати и покрај целосната поддршка од Западот. Тој тврди дека воената кампања во Украина, како што ја нарекува војната иницирана од Москва, започната пред речиси година и пол, се покажала како сериозен тест за руската војска, но и дека Русија успеала значително да го зголеми своето производство на оклопни возила. Што се однесува до западното оружје доставено во Киев, Шојгу рече дека тоа не е ништо посебно за руските војници.

„Подготвени сме да ги споделиме нашите оценки за слабите точки на западната опрема“, изјави денеска рускиот министер пред собранието на меѓународните воени претставници. Тој, исто така, им се заблагодари на руските војници, за кои рече дека се борат на бојното поле против неонацистите, повторувајќи ја реториката на Кремљ дека офанзивата во Украина има за цел да го собори неонацистичкиот режим.

Московската меѓународна безбедносна конференција, организирана од руската војска која се одржува во близина на главниот град, официјално има повеќе од 800 гости од 76 земји, но не и од западните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ