сабота, 27 јули 2024

Шојгу: Влезот на Финска во НАТО го зголемува ризикот од ширење на конфликтот

Објавено на

часот

Сподели

Тој исто така рече дека белоруските авиони сега можат да носат руски нуклеарни проектили, потег што најверојатно ќе ги зголеми тензиите, пишува Ројтерс.

Финска денес ќе се приклучи на НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка, откако го надмина противењето од Турција. Таа го поднесе барањето заедно со Шведска во мај 2022 година по руската инвазија на Украина.

Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради низа спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради, како што вели, недостиг на соработка во борбата против тероризмот. Членките на НАТО мора едногласно да се согласат да примат нови земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ