петок, 24 јануари 2025

Шојгу: Расте опасноста од насилен конфликт на нуклеарните сили

Рускиот безбедносен функционер Сергеј Шојгу предупреди во денешно интервју дека расте опасноста од оружен судир меѓу нуклеарните сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во контекст на растечкиот конфликт и влошувањето на геополитичкото соперништво во светот, ризиците од насилни конфликти меѓу големите држави, вклучувајќи учество на нуклеарните сили, растат“, порача Шојгу, шеф на Советот за безбедност на Руската Федерација, во интервју за ТАСС.

Поранешниот руски министер за одбрана кажа дека НАТО ги засилува активностите на своето источно крило во близина на Русија и Белорусија и таму вежба офанзивни и дефанзивни сценарија. НАТО ја обвинува Русија дека ги крева тензиите, на пример со објавата од 2023 дека поставува тактично нуклеарно оружје во Белорусија, додека западниот воен пакт упорно ја приближува воената инфраструктура до руските граници.

Шојгу кажа дека Русија и Белорусија преземаат превентивни мерки против западните обиди за „дестабилизација на ситуацијата одвнатре“. Повтори дека Белорусија е под заштита на рускиот нуклеарен арсенал, што е последица на промените кои рускиот претседател Владимир Путин ги најави минатата година за руската доктрина за примена на нуклеарно оружје.

„Рускиот „нуклеарен чадор“ сега ја осигурува заштитата на нашиот најблизок сојузник во истите рамковни сценарија во кои Русија дозволува нуклеарен одговори за сопствената одбрана. При одбивање на напад со оружје за масовно уништување или агресија со конвенционално оружје се создава критична закана за суверенитетот или територијалниот интегритет“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ