сабота, 27 јули 2024

Шојгу му кажа на Путин дека Русите зазеле град на истокот на Украина, Украинците негираат

Руските сили ја презедоа целосната контрола над Марјинка, град на истокот на Украина, кажа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, но украинската војска ја негираше таа информација.

Објавено на

часот

Сподели

Шојгу на рускиот претседател Владимир Путин му кажа дека руските сили ја зазеле Марјинка, што би претставувало една од најзначајните територијални напредувања за руските сили откако го освоија Бахмут во мај.

Украинската војска ги негираше тврдењата на Русија дека ја изгубиле контролата над Марјинка. „Погрешна е информацијата за заземање на Марјинка“, кажа портпаролот на украинската војска Олександр Штупун за украинската национална телевизија. „Нашите сили се уште во градот“.

Повеќето извештаи за Марјинка, југозападно од центарот на Доњецк кој е под руска контрола, го опишуваат како град на духови. Путин кажа дека контролата над градот, во кој пред војната живееле околу 10.000 луѓе, ќе им овозможи на руските сили да ги одбијат непријателските единици од Доњецк.

„Нашите сили сега имаат прилика да дојдат до поширока област за операции“, кажува рускиот претседател на снимката објавена од Кремљ.

Украина во јуни почна контраофанзива со цел повторно заземање на териториите на југот и истокот на земјата. Силите на Киев, соочени со добро вкопаните руски војници, не остварија никаков напредок во офанзивата. Руските сили ги засилуваат копнените и воздушните напади на блискиот град Авдеевка, што е централната точка на нивото напредување низ регионот Донбас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ