сабота, 27 јули 2024

Шојгу го посети фронтот во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети зоната на воените операции во Украина за да изврши увид во командното место и да разговара со високи воени претставници, соопшти денеска руската армија.

Објавено на

часот

Сподели

Шојгу со хеликоптер пристигна на командното место Восток во источна Украина.

На министерот му бил презентиран извештај за состојбата на фронтот; и за обуката на руските специјални единици одговорни за употреба на беспилотни летала.

Шојгу разговарал и со воените претставници за подготовките за зимата во однос на униформите и опремата за греење на војниците, според руската армија, без да прецизира кога била посетата.

Министерот за одбрана на Русија последен пат беше на фронтот во почетокот на август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ