Шојгу, секретар на рускиот Совет за безбедност, кажа дека, откако рускиот претседател Владимир Путин на 14 јуни ги предложил мировните услови, Украина изгубила 420 квадратни километри територија со многу жртви.
„Можностите за Украина се стеснуваат“, кажа Шојгу, додавајќи дека Украина не одговорила и дека ќе изгуби повеќе територија колку повеќе одложува. „Илузиите на киевскиот режим дека Европејците ќе организираат уште еден прекрасен мировен самит, на кој нивните внатрешни проблеми самите ќе се решат, скапо го чинат народот на Украина“, кажа Шојгу.
Русија сега контролирала речиси 20 отсто од Украина, вклучувајќи го Крим, црноморскиот остров кој го анектираше во 2014. Контролира и четири региони во југоисточна Украина, за кои Москва, повикувајќи се на историски и културни врски, бара Киев да ги отстапи.
Ројтерс пишува дека Путин е спремен да ја сопре војната со договорен прекин на огнот кој ја признава моменталната линија на фронтот, но дека е спремен да продолжи ако Киев и Западот не одговорат.