Теренот на стадионот во Чари се реновира, па Шкупи принудно во наредниот период ќе биде домаќин на други терени. Против Брегалница ќе играат во Куманово.
„Бидејќи теренот се подготвува неколку седмици наназад и се уште не е подготвен за игра, следниот меч со Брегалница закажан за недела ќе го играме како домаќини на стадионот на ФК Башкими во Куманово. Исто така, натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија нема да се игра во Чаир, а дополнително ќе донесеме одлука каде ќе го играме овој меч како домаќини“, стои во соопштението на Шкупи.
Натпреварот меѓу Шкупи и Брегалница се игра во недела од 14 часот.