сабота, 19 октомври 2024

Шкупи убедливо го победи Вардар во дербито на Чаир

Шкупи со 3-0 го доби големото дерби против Вардар и во третиот натпревар оваа сезона дојде до првата победа, Работнички со 2-0 го совалда шампионот Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи без поголеми проблеми дојде до трите бода против Вардар кој изгледаше немоќно и го забележа вториот пораз оваа сезона.

Резултатот беше отворен во 33. минута кога Гуџуфи излезе сам пред голот на Вардар и го матираше Гачевски за водство на домаќините од 1-0.

По десетина минути игра во вториот дел Шкупи доби пенал кој го реализираше Ибиши за веќе солидна предност од 2-0. Во судиското продолжение погоди Гуеје со глава за конечни 3-0.

Работнички оствари голем триумф, со 2-0 го совлада тимот на Струга. Гандо во 26. минута постигна прекрасен гол, а на пет минути пред истекот на првиот дел Аломеровиќ ја дуплираше предноста за домаќините.

Пелистер со гол на Мирко Ивановски по седум минути игра во вториот дел дојде до победа од 1-0 над Силекс.

Гостивар со голови на Машике во првото полувреме и Симоновски во финишот од натпреварот дојде до победа на гостувањето кај Воска од 2-0.

Беса со гол на Љатифи во 80. минута дојде до победа над Тиквеш од 1-0.

Вечер во 20 часот се игра дуелот меѓу Брера и Шкендија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ