сабота, 19 октомври 2024

Шкупи поради случајот со Хамиди бара одложување на мечот со Хегелман

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи утре треба да гостува на литванскиот клуб Хагелман во меч од квалификациите за Конференциската лига, дуелот почнува од 19 часот.

Македонскиот тим претходно информираше дека еден од нивните главни играчи, Валид Хамиди не добил виза, сега дополнува дека не го добил патниот документ затоа што е Алжирец. Од Шкупи велат дека побарале од УЕФА да им го одложи мечот.

„Проблемот нашиот играч Валид Хамиди што го има при добивањето виза, информирани сме дека доцнењето настанало поради тоа што нашиот играч е Алжирец. Во денешниот свет, трагикомично е фудбалер да биде спречен или да задоцнува да учествува на меѓународен турнир поради таква причина. Ова е меѓународен турнир и ова е наш играч! Жално е што политиката има толку негативен ефект врз фудбалот. Не треба да се заборави дека за еден фудбалер е многу битно да учествува во вакво натпреварување, за ова се одговорни оние кои го спречуваат и оние кои не си ја вршат својата должност. Поради овој бесмислен проблем со визата, нашиот клуб испрати барање за одложување на натпреварот до УЕФА бидејќи не е фер кон нас. Исто така, од името на нашиот клуб сакаме да му се заблагодариме на г. Бујар ОСМАНИ, министер за надворешни работи на Македонија и г. Сервет Јардимчи, член на Управниот одбор на УЕФА, кој се обиде да ни помогне во овој процес“, стои во новото соопштение на Шкупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ