сабота, 19 октомври 2024

Шкупи ја наполни мрежата на Хегелман и веќе може да размислува на Левски

Објавено на

часот

Сподели

На дуелот во Литванија, Јамајканецот Реналдо Цефас имаше свое шоу, постигна четири од петте гола на Шкупи.

Резултатот беше отворен во 11. минута кога по асистенција од новиот Бразилец на Шкупи, Дуду, Цефас погоди за водство од 1-0, во 23. минута Кевен ја зголеми предноста на 2-0 по додавање на Ангелче Тимовски, пред крајот на првиот дел Цефас даде уште еден гол и со предност од 3-0 се замина на одморот.

Исто како и во првото, така и во второто полувреме, по 11 минути игра Цефас даде гол, овојпат за убедлива предност од 4-0, петтиот гол Јамајканецот го даде во 62. минута поставувајќи ги конечните 5-0.

Реваншот е за седум дена во Скопје, а победникот од пресметката, што извесно е дека ќе биде Шкупи, ќе игра против Левски во следното квалификациско коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ