сабота, 19 октомври 2024
ПМФЛ

Шкупи го победи шампионот и се искачи на лидерското место

Шкупи со два гола во второто полувреме го совлада шампионот Струга во дерби натпреварот кој се играше во Чаир, немаше погодоци на дуелот меѓу Брегалница и Вардар, Шкендија во финишот се спаси од пораз во Гостивар, Силекс со пресврт ја совлада Воска, а Работнички оствари минимален триумф над Тиквеш.
 

Објавено на

часот

Сподели

Со два гола во второто полувреме, Шкупи ги освои трите бода во дербито против Струга. Второто полувреме донесе многу поголеми возбудувања од мирниот прв дел. Резултатот беше отворен во 52. минута кога Куевен погоди за водство на домаќините од 1-0.

Десетина минути подоцна Шкупи имаше голема шанса да ја дуплира предноста, но Трпановски не реализираше пенал, Ќосевски го одбрани неговиот удар. Струга остана со фудбалер помалку откако Ѓоргиевски кој гонаправи пеналот доби втор жолт картон. До крајот чаирчани сепак се израдуваа на уште еден гол, Воша во 90. минута ги постави конечните 2-0.

Вардар ја продолжи серијата без пораз во Штип кај Брегалница, но не успеа да ги освои трите бода. Натпреварот заврши без голови, 0-0.

Интересно беше во Гостивар каде Шкендија со гол на Цаке во самиот финиш се спаси од пораз. Мечот заврши 2-2. Гостиварци поведоа со гол на Атиевман уште во 12. минута, Тотре го изедначи резултатот на 1-1, но Потук во судиското продолжение од првиот дел го врати водството на Гостивар кое домаќините сепак не го задржаа до крај.

Најмногу голови имаше во Кратово каде Силекс со 4-2 ја победи Воска. Гостите поведоа со гол на Марушиќ уште во осмата минута, но само како да ги налутија домаќините кои за 20 минути постигнаа три гола, двпати погоди Ѓорѓиевски, еднаш Зајиќ. На почетокот од вториот дел гол даде и Каланоски за 4-1, а серијата погодоци ја отвори оној кој ја почна, Марушиќ ги постави конечните 4-2.

Во Маџари, Работнички со гол на Мазари го победи Тиквеш со 1-0 и бодовно се израмни со кавадаречкиот тим на табелата.

ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО

Шкупи – Струга 2-0

Куевен 52, Воша 90

Брегалница – Вардар

Работнички – Тиквеш 1-0

Мазари 22

Гостивар – Шкендија 2-2

Атиемвен 12, Потук 45+1 – Тотре 24, Цаке 89

Силекс – Воска 4-2

Зајиќ 18, Ѓорѓиевски 30, 39, Каланоски 48 – Марушиќ 8, 61

ВЧЕРА

Македонија ЃП – Брера Струмица 1-0

Попзлатанов 44

ТАБЕЛА: Шкупи 18 (9), Шкендија 17 (8), Силекс 16 (9), Струга 15 (7), Брера 14 (9), Тиквеш 13 (9), Работнички 13 (9), Македонија ЃП 11 (9), Брегалница 10 (9), Воска 7 (9), Гостивар 7 (9), Вардар 5 (8).
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ