сабота, 27 јули 2024

Шкотскиот премиер даде оставка

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка на местото лидер на Шкотската национална партија (СНП), отворајќи ѝ ја вратата на опозициската Лабуристичка партија да оствари добар резултат во Шкотска на националните избори кои се очекуваат подоцна годинава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јусаф даде оставка на челото на СНП која се залага за независност една недела по хаосот предизвикан од неговиот раскин на коалицискиот договор со шкотските Зелени. Потоа не испеа да обезбеди доволна поддршка за да го преживее гласањето за доверба кое се очекува подоцна неделава.

„Заклучив дека нашиот однос со другите партии може да се поправи само со некој друг на челото на СНП“, кажа Јусеф во Единбург. „Поради тоа го известив националниот секретар на партијата за својата намера да се повлечам од местото претседател на партијата и го замолив што побрзо да го почне процесот на избор на моја замена“. Кажа дека ќе остане шеф на шкотската влада додека не се избере негов наследник.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер пред распишувањето избори. Ако СНП не успее да најде нов лидер кој би добил поддршка во парламентот, ќе се одржат нови избори во Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ