четврток, 20 март 2025
Шкотите немале разбирање за македонската тага

Шкотска не дозволила Македонија да игра во црни дресови

Македонската репрезентација до 17 години денеска ремизираше на гостувањето кај Шкотска, мечот заврши 2-2, но главната вест од овој натпревар е нечовечкиот потег на домаќинот.

Објавено на

часот

Сподели

Поради големата трагедија која се случи во Кочани, нашите репрезентативци побарале да играат во темните, црни дресови кои ги имаат.

Но, според објавата на Фудбалската федерација на Македонија, Шкотите не излегле во пресрет.

Шкотска има тегет дресови, тие се домаќини и тие бираат во какви ќе играат. Не сакале да направат компромис и да ни дозволат тие да играат во светли, а ние во темни.

Македонија мораше да настапи во бели дресови, одигра одличен меч кој заврши 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ