сабота, 27 јули 2024

Шкода по сè изгледа ќе укине еден од своите најпопуларни модели

Објавено на

часот

Сподели

Актуелната генерација на шкода фабија е на патиштата од 2021 година, но овој пат понудата не беше проширена и на практичната карван верзија, ниту тоа ќе се случи. Според актуелните информации, приказната може да оди во сосема поинаква насока кога станува збор за фабија.

Што се однесува до црното сценарио, Фолксваген е сè поблиску до укинување на моделот поло.

Шефот на Шкода, Клаус Целмер, во неодамнешно интервју за Аутокар кажа дека прилагодувањето на стандардите Еуро 7 ја направило фабијата прескапа и луѓето повеќе не би ја купувале.

Според тоа, ако регулативата Еуро 7 помине, нема да може да се задржи присуството во Б сегментот, барем не во смисла на поевтин градски автомобил, кажа Целмер.

Во случајот на полото воведувањето на построгите стандарди за автомобилите се зборуваше дека тоа автоматски значи зголемување на цената на тој автомобил за 5.000 евра, иако пресметката на Европската комисија тврди дека станува збор за многу помало поскапување, од околу 300 евра.

Имајќи предвид дека Ауди веќе се реши да го укине моделот А1, веројатно единствениот модел од германската групација кој ќе остане во тој сегмент е ибица на Сеат. Но и тука повеќе станува збор за „одржување во живот“.

Наскоро најевтиниот модел во понудата на Фолксваген би можел да биде електричниот ИД.2 и неговите „близнаци“ од другите марки. Тука станува збор за почетна цена од 25.000 евра.

Шкода фабија во моментов во Германија стартува со цена од околу 18.000 евра, сеат ибица со околу 16.500 евра, а фолксваген поло од 19.500 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ