сабота, 27 јули 2024

Шкендија се спаси од пораз, Вардар може да жали

Вардар и Шкендија одиграа без победник 1-1, домаќинот имаше водство и повеќе шанси, но тетовскиот тим со бод се враќа од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар поведе со 1-0 во 18. минута со гол на Лемос. Домаќинот имаше и игра, Шкендија во првото полувреме се мачеше да создаде шанса.

Во 58. минута се случи инцидент поради кој црвени картони добија Омерагиќ и Мелиќи, двата тима останаа со фудбалер помалку.

Вардар имаше шанси да го зголеми водството, Цаке спасуваше од гол линијата, а откако домаќинот не успеа во тоа, Шкендија преку Аганспахиќ изедначи на 1-1, што беше и конечниот резултат.

Македонија Ѓорче Петров со гол на Велкоски го совлада Тиквеш со 1-0, Силекс со 2-1 беше подобар од Брера. Каланоски и Игњатов ги постигнаа головите за кратовскиот тим, Ивковиќ погоди за струмичани.

Мрежите мируваа на два натпревари, Воска – Шкупи и Брегалница – Гостивар завршија 0-0.

Утре се игра дуелот меѓу Работнички и Струга.

Резултати:
Вардар – Шкендија 1-1
Македонија ЃП – Тиквеш 1-0
Силекс – Брера 2-1
Брегалица – Гостивар 0-0
Воска – Шкупи 0-0
Утре
Работнички – Струга

Табела: Струга 48 (-1), Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27 (-1), Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ