Ардиан Нухиу веќе не е тренер на Шкендија.
„Оваа одлука ја донесовме со убедување дека во овој момент е важно да се направат промени кои ќе донесат нов дух и нова насока во нашиот тим. Благодарни сме му на тренерот Нухиу и неговите помошници за нивниот придонес додека беа дел од нас, посакувајќи им успех во нивната професионална иднина“, се вели во соопштението на Шкендија.
Екипата од Тетово по 18 одиграни кола е на третата позиција на табелата со 35 бода, три помалку од Шкупи, а четири помалку од лидерот Струга ТЛ.