недела, 20 октомври 2024
ПМФЛ

Шкендија и Струга отворија со победи, Шкупи се спасуваше од пораз

Актуелниот шампион на Македонија, Струга со победа ја отвори сезоната и со гол во финишот го совлада Тиквеш, Шкендија беше сигурна против Беса, Шкупи се спасуваше од пораз против Воска.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска стартуваше новата сезона во ПМФЛ, шампион Струга одбраната на титулата ја почна со минимална победа од 1-0.

Струга до трите бода стигна во 89. минута, Компаоре погоди за славје во пресметката против Тиквеш.

Шкендија беше сигурна на гостувањето кај Беса и славеше со 1-3, додека пак Шкупи се спасуваше од пораз против Воска и со два гола во финишот обезбеди реми од 3-3.

Работнички со 1-0 го совлада Силекс, додека пак Пелистер одигра 1-1 против Гостивар.

Вечерва се игра и последниот натпревар од ова прво коло, Вардар гостува кај Брера во Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ