сабота, 19 октомври 2024

Шкендија го доби дербито, Вардар може да жали за неискористените шанси! (ВИДЕО)

Шкендија со прекрасен гол од далечина на Максимов во второто полувреме и погодок на Аганспахиќ во судисокото продолжение со 2-0 го победи Вардар на дербито кое се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, домаќинот имаше доволно шанси да излече барем бод од овој натпревар, но немаше реализација.
 

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија од лидерската позиција влезе во големото дерби со Вардар кој како последен на табелата очајно бара бодови. Иако позициите на табелата се дијаметрално спротивни, на теренот не беше така. Вардарци покажаа голема борбеност, беа сосема рамноправен противник на тетовскиот тим, а во голем дел од мечот беа и подобри.

Дербито почна динамично, борбено со обиди и на двете страни. Во четвртата минута Цветков имаше голема шанса за Вардар, е веќе во следниот напад Аганспахиќ не погоди. Во 19. минута имаше спорна ситуација кога Лемос беше фаулиран од Адили, но судијата Трпчевски не покажа на белата точка.

Во судиското продолжение од првиот дел Тотре имаше голема можност, биеше лошо и Филип Гачевски го одбрани неговиот удар. На одморот се замина без постигнати голови.

Со почетокот на второто полувреме, Вардар тргна во нова офанзива, домаќините силно нападнаа во обид први да дадат гол, имаа неколку полушанси кои Шкендија успеа да ги отстрани.

Во 65. минута Максимов со вистинска „бомба“ од далечина донесе водство за Шкендија од 1-0. 

По постигнатиот погодок Вардар со сите сили тргна кон голот на Шкендија, имаше неколку големи можности, но голманот Талески царуваше на голот на гостите.

Длабоко во судиското продолжение по еден контра напад, Аганспахиќ постигна гол за конечни 2-0 за Шкендија.

Вардар одигра добар натпревар, но неефикасен, црвено-црните по 10 одиграни меча се заковани на дното на табелата. Шкендија со овој триумф се зацврсти на врвот.

Идентично заврши и вториот натпревар од овој термин, Струга го победи Силекс со 2-0. Двата гола ги постигна Радески.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ