Во изминатиот период зачестија големите судиски грешки во македонското првенство, а со тоа се зголеми и незадоволството кај клубовите кои се чувствуваат оштетени.
ФФМ неодамна информираше дека планира воведување на ВАР технологија, а Шкендија сака тоа да биде направено колку што е можно побрзо.
„Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти на судиите во домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Ваквиот чекор ќе осигура поголема транспарентност и ќе помогне да нема судиски грешки, ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме дека ова ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра“, се вели во соопштението на Шкендија.