понеделник, 24 јуни 2024

Шишковски: Нормално е тоа што македонската јавност сега очекува многу од нас

Објавено на

часот

Сподели

По учеството на Европското првенство и играњето во баражот за пласман на Мундијалот, апетитите на јавноста се зголемени. Сега се очекува старт со победа над Бугарија во Лигата на нациите.
 
„Со резултатите успеавме да направиме сите да веруваат во нас и ние на секој меч одиме на победа и ќе го оставиме срцето за Македонија. Македонската јавност очекува многу, што е нормално зашто тоа ние многупати ги покажавме и против Италија и против Португалија, како и наназад на многу мечеви. Максимално сме подготвени за овие четири меча, нашата селекција е подмладена со млади фудбалери, но тие млади фудбалери се искусни од настапите во своите прволигашки тимови и ќе дадеме максимум за да ги оправдаме очекувањата“, вели Шишковски.
 
„Селекторот најави дека сите ќе настапат, што е нормално, имаме четири меча за десет дена. Ние максимално тренираме, сите сме подготвени, без оглед играле- не играле. Ние максимално на секој тренинг даваме сѐ, па ако селекторот одлучи да ни даде шанса, ние сме максимално спремни да одговориме. Знаеме што бара селекторот од нас, добро го знаеме веќе пет-шест години, уште од младите селекции, а и новите млади момци што се приклучија исто така ја поминаа таа млада селекција, така да сите добро знаеме што се бара од нас на секој меч“
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ