сабота, 27 јули 2024
Членот на ИО на СДСМ во ТВ - гостување

Шилегов наведе имиња на функционери од ВМРО-ДПМНЕ со „северен“ дипломатски пасош

Петре Шилегов, член на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје вечерва, во телевизоско гостување, наведе имиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, ронат солзи за старото име на Македонија, но побрзале да извадат дипломатски пасоши со уставното име на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Лефков, Бојан Стојановски, Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓето“, рече Шилегов во интервју за ТВ Телма.

На сметка на државата, на сметка на општеството ДПМНЕ постојано создава проблеми, за политички поени, додаде Шилегов.

„Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и погоз врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се снима на границата, има дипломатски пасош, ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните“, додаде Шилегов.

Таа парија, како што нагласи, ги лаже граѓаните дека со измена на законот ќе може да патуваат во странство. Тоа, оцени, не е коректно и е неодговорно кон граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ