„Старлинк за Украина го плаќа полското Министерство за дигитализација по цена од 50 милиони долари годишно. На страна тоа колку е морално да ѝ се закануваш на жртва на агресија, ако Спејсекс се покаже како несигурен провајдер, ќе нѐ принуди да бараме други снабдувачи“, рече Шикорски.
Полските власти, пред сѐ вицепремиерот и министер за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, и претходно предупредуваа по повод пораките на Илон Маск дека може да ѝ го секне интернетот на Украина преку своите сателити и дека украинската армија ќе доживее колапс на фронтот.
Полскиот вицепремиер потсети дека ова воопшто не е подарок од Маск за Украина, туку дека од тоа тој заработува многу пари, врз основа на комерцијален договор што го плаќаат полските даночни обврзници.