сабота, 27 јули 2024

Шестдневна осмомартовска екскурзија на наставнички од Куманово, родителите лути

Учителки и наставнички од основно училиште во четвртокот заминале на 6-дневно патување за 8 Март поради што учениците имаат скратени часови, се спојуваат по две одделенија или наставата ја изведуваат други вработени, jaви Кумановоњуз.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Родителите реaгираат на ваквата појава, бидејќи сметаат дека не треба да се дозволуваат празнични прошетки во работни денови на штета на образовниот процес. „Повеќе учителки и наставнички заминаа во Јужна Италија во четвртокот напладне и ќе се вратат во вторник навечер. Им ги ротираа смените на учениците и учат со скратени часови. Направија невидена збрка, треба да ги земеме децата порано од целодневна настава, а ние сме на работа“, велат револтирани родители.

Од ОУ „Кочо Рацин“ во Куманово потврдија дека на екскурзија заминале учителки, наставнички, заедно со директорката и други вработени во службата, но тврдат дека воспитно-образовниот процес се одвива непречено, часовите се покриваат со замена од колега од ист предмет или од стручната служба.

„Четири наставнички и четири професорки се на патување, значи вкупно 8, а не 20. И за сите од нив е обезбедена замена од колеги, така децата не се оштетени со ‘губење’ на часовите. Лично ме погаѓаат вакви инсинуации, ние сме едни од најуспешните училишта, а досега имаме извонредна соработка и меѓусебна и со родителите на учениците“, истакнува директорката Галаба Давчевска, во телефонски разговор.

Поради прошетката на наставничките проблеми имале и вработените во градинката „Ангел Шајче“, каде се згрижуваат децата во дневен престој, бидејќи порано поаѓаат и излегуваат од училиште, па се создава гужва при делењето на оброци и сместување на децата.

Три дена од минатата недела отсуствувале и наставници во gимназијата „Гоце Делчев“. Директорката Марија Тодоровска тврди дека 8 професори биле отсутни поради реализација на Еразмус проект, во Малта, и дека не станува збор за осмомартовско патување. Таа вели дека учениците не губела од наставата, спротивно на родители кои кажуваат дека имало прекин во наставата.

Од Секторот за образование во Општина Куманово не гледаат проблем што некои учителки и наставнички се шетаат додека другите мора да работат.

„Информиран сум дека немало прекин на наставата или не одржување на часови по некој предмет. Тоа за мене е најважно, воспитно образовниот процес е покриен интерно со колеги од спротивната смена или дел од стручната служба на училиштата“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование, при Општина Куманово.

Според директорите на училиштата „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“, „Толи Зордумис“ и „11 Октомври“, и во средните училишта „Перо Наков“, „Киро Бурназ“ и „Наце Буѓони“, кај нив нема отсутни вработени поради осмомартовски екскурзии.

Повеќето граѓани, пак, сметаат дека просветните работници имаат повеќе слободно време од другите професии, поради летниот, зимски и пролетен распуст, и затоа приватните патувања треба да си ги планираат во тој период.  Исто така, бараат да се поведе ред и да се санкционираат приватни екскурзии на учениците додека трае школската година, која е исто така лош пример за другите деца, а го урива угледот на училиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ