сабота, 27 јули 2024

Шеста победа по ред за Макс Верстапен, Ред Бул израмни рекорд

Објавено на

часот

Сподели

Ред Бул дојде до 11. победа по ред со што израмни рекорд стар повеќе од три децении на Мекларен кој имаше ваква серија. Верстапен уште еднаш ја покажа својата доминација, тој триумфираше пред Ландо Норис и Луис Хамилтон.

Двајцата возачи на Ферари имаа уште еден лош ден, Шарл Леклер заврши на деветтото место, а Карлос Сајнц беше десетти. Бодови освоија уште Пиастри кој беше четврти, Расел кој заврши како петти, Перез беше шести, Алонсо седми и Албон осми.

Верстапен е убедливо прв на табелата со 255 бодови, втор е Серхио Перез со 156, трет е Алонсо со 137, следува Хамилтон со 121.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ