сабота, 27 јули 2024

Шест наши навивачи ноќеска приведени во Ниш поради тепачка

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно шест македонски навивачи ноќеска околу 3 часот по полноќ биле приведени од страна на нишката полиција, поради нарушување на јавниот ред и мир близу салата Чаир, каде што се играа натпреварите од ракометното Европско првенство.

Според извештајот на српската полиција, шесте навивачи се степале меѓусебе, еден од нив бил полесно повреден, а против сите нив биле поднесени прекршочни пријави и биле изведени на суд. Според српскиот закон, казните за ваков престап се парични, па по плаќањето на казните, нашите навивачи ќе можат слободно да се вратат во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ