сабота, 27 јули 2024
Биле повикани во станица заедно со родителите

Шест малолетни момчиња монтирале фотографии на две девојчиња, па ги објавиле

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информираше дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители. 

„Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина“, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска за МИА, добиен попладнево. 

Таа додава дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ