Десетмина ранети се пренесени во болница со полесни повреди, напиша Хинштин на Телеграм.
„Ова што се случи денеска е голема трагедија за сите нас“, нагласи тој и додаде дека никој нема да остане без помош.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Васили Небензја, подоцна на седницата на Советот за безбедност рече дека Москва брзо ќе одговори на „недвосмислениот потег на режимот во Киев“.
„Како што добро разбирате, нашиот одговор на ова насочено злосторство против мирните руски граѓани нема долго да се чека“, рече тој на седницата.
Украинските власти сѐ уште не го коментирале инцидентот.