сабота, 27 јули 2024

Шест лица загинаа во нападот на Харков: Воздушна опасност во текот на ноќта во Украина

Шест лица загинаа, 10 се ранети во ноќниот руски напад врз Харков, на североистокот на Украина, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Техеров на Телеграм објави дека најмалку девет висококатници, голем број административни згради, продавници, бензинска пумпа, како и автомобили биле оштетени во нападот со беспилотни летала „шахед“, пренесува Интерфакс Украина.

Руските сили утринава извршија ракетен напад врз Запорожје, во градот се слушнале најмалку две експлозии, напиша на Телеграм Иван Федоров, началникот на регионот Запорожје.

На целата територија на Украина синоќа е прогласена воздушна закана поради руски крстосувачки ракети и беспилотни летала, пренесува Укринформ.

Во текот на ноќта, украинската противвоздушна одбрана оперирала двапати во регионот на Киев, а руските сили извршиле ракетен и напад со беспилотни летала, објави на Телеграм началникот на Киевскиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ