Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 ноември 2024 година, на локацијата „Сука“ во општина Радовиш, С.С. (43), Г.С. (50), И.С. (45) и Ј.Г. (74) од село Дукатино извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла. Дрвата ги натовариле на трактор со намера да ги продадат, но биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници од Полициската станица Радовиш и Шумската полиција Радовиш. Тракторот, приколката и две моторни пили им биле одземени.
Истиот ден, на локацијата „Ушковица“ во општина Радовиш, С.С. (58) и Т.К. (29) од село Горни Липовиќ извршиле бесправна сеча на 44 стебла. И тие биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници, а тракторот, приколката и моторната пила им биле одземени.
Сите пријавени се товарат за кривично дело „кражба“ според член 235 од Кривичниот законик.