четврток, 26 декември 2024

Шестгодишно дете од Кавадарци заврши во болница откако било искасано од домашно куче

Со по две рани на лицето и бутот и три рани на стомакот и потколеницата се здобило дете од Кавадарци откако завчера било искасано од куче додека шетало со својата мајка.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа информација за МИА ја потврдија од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.

Доктор Благој Митев,  началник на хирургија во болницата појасни дека се работи за сериозни повреди што не се за потценување.

„Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето плус огреботини. Три на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по околу три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини и рекоа дека редовно ќе го носат на преврски“, појасни доктор Митев.

Самиот по службена должност пријавил во полиција, а кога оттаму го прашале дали да се информира обвинителството, им дал позитивен одговор.

„На 4 ноември 2024 во 09:25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М. од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3 ноември 2024 на улица Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци, кое било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираа од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.

„Дадени се наредби и насоки до МВР, за целосно документирање на настанот и прибирање на соодветни докази, во поглед на чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација. По наредбите, сѐ уште се постапува“, подвлекоа од Обвинителството за МИА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ