сабота, 27 јули 2024

Шешко ќе остане соиграч на Елмас и покрај големиот интерес за него

Напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко одлучи да остане во германскиот клуб и покрај големиот интерес од неколку гиганти за неговиот потпис.

Објавено на

часот

Сподели

Шешко се поврзуваше со повеќе клубови меѓу кои и Арсенал, Манчестер јунајтед, Милан… но негов трансфер летово нема да има.

Словенечкиот напаѓач одлучил да остане во Лајпциг и да потпише нов побогат договор.

Тој ја прифатил понудата на Германците, но со џентлменски договор за заминување во иднина. Веројатно по крајот на следната сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ