сабота, 27 јули 2024

Шешељ доби повик за сослушување во Хаг: Најверојатно ќе отидам

Објавено на

часот

Сподели

Како што потврди Шешељ, сослушувањето е закажано за 1 јули.

Шешељ најави дека најверојатно ќе се одзве на повикот.

Станува збор за „наводно кршење на правилникот на Хашкиот трибунал во врска со заштитата на идентитетот на заштитените сведоци и доверливата идентификација“, кажа Шешељ.

„Јас сето тоа го објавив во своите книги, повеќе од 50 книги. Го објавувам целиот материјал на Хашкиот трибунал од мојот предмет, бидејќи предметот е завршен и не можат тие 100 години да го држат во тајност“, кажа Шешељ.

Тој додаде дека не ги загрозувал сведоците, туку дека го компромитирал трибуналот, и дека ќе продолжи тоа да го прави.

Војислав Шешељ со правосилна пресуда на Хашкиот трибунал од 2018 година беше осуден на десет години затвор за поттикнување прогон, депортација и присилно раселување и преместување на Хрватите во војводинското село Хртковци во 1992.

Шешељ остана на слобода во Србија, бидејќи ја отслужи казната за време на престојот во притвор од 2003 до 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ