сабота, 22 март 2025

Шекеринска од НАТО го поздрави планот на ЕК за ревооружување на Европа

Европската Унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи и што повеќе сојузници, кои не се членки на Унијата, порача заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќање пред Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент (СЕДЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Шекеринска нагласи дека во актуелниот безбедносен контекст, во кој Европа се соочува со нестабилност и закани од многу правци „наша најсвета должност е да ги чуваме нашите луѓе безбедни“.

Таа истакна дека НАТО и ЕУ се природни и незаменливи партнери и затоа е важно да продолжи зајакнувањето на нивната меѓусебна соработката, при тоа поздравувајќи го планот „Ревооружување на Европа“ на Европската комисија, зголемувањето на инвестициите во одбраната од страна на членките на Унијата, како и европската поддршка за Украина.

Шекеринска потенцира дека Унијата може да го искористи својот уникатен економски потенцијал за зајакнување на одбранбеното производство, иновациите и воената мобилност во согласност со воените планови, способностите и стандарди на НАТО.

Таа ги поздрави иницијативите на европско и национално ниво за зголемување на трошоците за одбраната и за зајакнување капацитетите и подготвеноста, истовремено истакнувајќи дека трансатлантските односи остануваат камен-темелник на европската безбедност. Во своето обраќање пред европратениците, таа ја истакна и потребата од „посилен европски столб во рамките на силно НАТО“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ