Англиските медиуми сега пишуваат дека Јасим им пратил им пратил писмо на Глејзерс преку кое си ја отворил душата и ја затворил можноста за нови преговори.
„Никогаш не сакавте да го продадете Манчестер јунајтед и ме искористивте за да ја зголемите вредноста на клубот со цел да продадете само помал пакет на акции за висока сума“, ова меѓудругото стоело во писмото.
Шеикот Јасим се насочил на други проекти и наскоро се очекува да купи клуб. Изминатите денови имаше гласини за купување на Интер и Тотнем.