Шеикот Јасим понуди 5 милијарди фунти за да го превземе Манчестер јунајтед, но не успеа да пронајде заеднички јазик со семејството Глејер, па реши да се повлече од намерата.
На ваквите вести реагираше финскиот милијардер Томас Зилиакус, кој во минатото се поврзуваше со купување на Манчестер јунајтед, а во последно време често се споменува како нов сопственик на Интер.
„Мило ми е што дојде до истиот заклучок до кој дојдов и јас пред неколку месеци. Ајде да ги здружиме силите, да купиме топ клуб од Италија и да го направиме најдобар во светот“ – напиша Зилиакус на Икс (поранешно Твитер).
И покрај тоа што Интер не беше споменат директно, во еден од хаштаговите стоеше „нероаѕури“ па на сите им е јасно за кој топ клуб од Италија станува збор.
Семејството Жанг треба да врати долг од неколку стотини милиони евра до април 2024, па се во потрага на инвеститор кој ќе купи дел од клубот, или пак целиот клуб.