сабота, 27 јули 2024

Шехбаз Шариф е реизбран за премиер на Пакистан

Шехбаз Шариф денеска беше реизбран за премиер на Пакистан откако ја доби поддршката од пратениците во новиот состав на Националното собрание на Пакистан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поддржувачите на затворениот поранешен пакистански премиер Имран Кан скандираа во парламентот за време на гласањето за премиер во знак на протест против именувањето на Шариф, тврдејќи дека резултатите од минатомесечните парламентарни избори биле наместени, пренесе АП.

Шариф во понеделник треба да положи заклетва за петгодишен мандат како премиер. Претседателот на Собранието Ајаз Садик рече дека Шариф добил 201 глас за поддршка, а Омар Ајуб од Сунитскиот совет Итехад добил 92 гласа. За да се добие мнозинство потребни се 169 гласа за поддршка.

Ајуб доби поддршка од партијата на Кан ПТИ, чии кандидати не добија доволно места во парламентот за сами да формираат влада.

ПТИ одби да разговара со своите ривали за формирање коалиција.

По неколкудневни преговори, партијата Пакистанска муслиманска лига на Шариф постигна коалициски договор со историскиот ривал Пакистанската народна партија (ППП) и неколку други мали партии по изборите на 8 февруари.

Партијата на Кан тврди дека резултатите од гласањето биле наместени за да се спречи тој да освои мнозинство.

Изборната комисија ги отфрла наводите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ